Apple минатата недела ја најави објавата на iOS 15.4 ажурирањето, кое сега е достапно и за iPhone уредите.
Една од поинтересните карактеристики, кај ова ажурирање, е можноста да им се овозможи на корисниците на iPhone да ги отклучуваат своите уреди додека носат маска преку функцијата Face ID. Иронично, функцијата првично беше дизајнирана да биде доволно паметна за да спречи отклучување на телефонот кога ќе открие кога некој носи маска.
Треба да се напомене дека оваа функција за отклучување е достапна само за iPhone 12 и поновите модели, додека сите други iPhone кои поддржуваат Face ID нема да можат да ја искористат новата функција.
Другите функции што ги носи iOS 15.4 вклучуваат функции што спречуваат шпионирање со помош на AirTag уредите, поддршка за прилагодливи клучеви на PS5 DualSense, додавање белешки во iCloud Keychain, универзални контроли, нови емотикони и друго.
Поврзани артикли