Honor најави дека на 16. септември ќе одржи настан во Кина, во текот на кој ќе биде претставен лаптоп фокусиран на гејминг – Honor Hunter. Со лаптопот ќе бидат претставени и два нови паметни часовника.

За гејмерски лаптоп на брендот Honor веќе некое време се појавуваат информации, така што ќе биде интерсно да се види како брендот се шири на гејминг сегментот. Honor во текот на минатата недела објави и неколку свои паметни часовници – Honor Watch GS Pro и Watch ES.

Honor Hunter гејминг лаптопите ќе користат чипсети на Intel (вклучувајќи го и Core i7 моделот), додека дизајнот е инспириран од брзите автомобили. Лаптопот ќе има RGB осветлување за тастатурата и специјално копче со RGB лого.

Според наводите, лаптопот би можел да го носи името Hunter 700 и ќе биде достапен во барем две варијанти.