Тајванскиот производител на компјутерски хардвер Asus ја разгледа можноста за евакуација на работниците и деловните субјекти од Русија, изјави тајванскиот министер за економија Ванг Мејхуа.

– Пред сѐ, Asus можеби ќе размисли за евакуација на своите работници и бизниси од Русија, рече Мејхуа, коментирајќи ги повиците од Украина до компанијата да ги прекине односите со Русија.

Технолошките компании како Apple и Dell веќе објавија дека ја прекинуваат работата во Русија, а Intel и AMD ги прекинаа испораките во земјата.