Tesla продолжува да се истакнува во областа на многу лоша контрола на квалитет

Да се стават два сосема различни комплети гуми на еден автомобил кој штотуку излегува од фабричките ленти е навистина голема неодговорност! А токму тоа му се случило на извесен Итан Џозеф, купувач на Tesla Model X Plaid. Тоа е најпрестижното издание на овој теренец, кој Џозеф го платил повеќе од 132.000 долари… За таа цена секако олекувате многу повеќе во однос на квалитетот, но Tesla повторно потфрлила.

На овој примерок на Tesla Model X Plaid напред биле монтирани летни гуми, поточно Michelin Latitude Sport 3, а позади Continental CrossContact LX Sport гуми кои припаѓаат на т.н. гуми од класа за сите сезони. За тоа колку е ова огромен пропуст, непотребно е да се зборува, а колку е опасно да се вози со ваква поставка, тоа е посебна приказна. Особено ако се знае дека Model X Plaid има повеќе од 1.000 КС, и дека е способен за неверојатни перформанси.

За жал ова не бил единствениот проблем. Автомобилот „подготвен“ за испорака имал оштетувања на бојата видливи на неколку места, кабината била валкана, одлепени заштитни гуми … Поради сето тоа, Итан Џозеф одбил да го прифати возилото. Tesla го префрлил на нова листа на чекање, па така Џозеф своето возило треба да го добие дури во јули оваа година.

Доколку американскиот бренд навистина сака да стане апсолутен лидер во премиум сегментот, тогаш ќе мора да направи драстично подобрување во однос на контролата на квалитетот. Далеку од тоа дека на германската конкуренција не и се случуваат разни гафови, но да се испрати возило на испорака со два различни сета на гуми е веќе сериозен степен на невнимание, па и на неодговорност!

Извор: Додај Гас