Веќе некое време се шпекулира дека компанијата Vivo наскоро ќе влезе на пазарот на паметни телефони на преклоп, а сега се појави и првата фотографија од тој уред.
Станува збор за моделот Vivo X Fold, кој е забележан при користење во кинеското метро. Смартфонот беше заштитен со дебела маска која го штити од оштетување, но и од љубопитните очи. X Fold има екран кој се преклопува навнатре, а судејќи според фотографијата, во централниот дел нема видлив набор.
Според шпекулациите, сложениот механизам на шарката е клучен за преклопниот екран без отвори, а се очекува да биде прекриен со UTG стакло.
Претходните информации за моделот X Fold велеа дека уредот всушност ќе има 8-инчен QHD+ флексибилен екран со стапка на освежување од 120 Hz, дека ќе го покренува процесор Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm и ќе се напојува со батерија од 4.600 mAh, кој поддржува брзо полнење од 80W и безжично од 50W.