Непознатиот уред на OnePlus со кодно име PGKM10 е 3C сертифициран со 160W полнење. Претходно се шпекулираше дека PGKM10 OnePlus е таблет, но сега е наведен на 3C како мобилен телефон со 5G.
Не го знаеме комерцијалното име на PGKM10, но доверливиот дојавувач Digital Chat Station вели дека се работи за паметен телефон на OnePlus што работи на Dimensity 8100, кој ќе има батерија од 4.500 mAh и ќе поддржува полнење од 150 W.
Типстерот тврди и дека овој смартфон на OnePlus ќе пристигне следниот месец со 6,7-инчен екран со отвор за селфи камера што доаѓа од BOE, со систем за тројна камера на задната страна, каде главната е 50MP со Sony IMX766 сензор.
Сепак, OnePlus нема да биде првиот бренд во рамките на BBK групатата што ќе лансира паметен телефон со полнење од 150 W. Таа чест ќе му припадне на Realme бидејќи компанијата го лансира GT Neo3 со полнење од 150 W подоцна овој месец во Кина.
Realme GT Neo3 ќе има Dimensity 8100 чипсет и ќе има систем на три камери на задната страна, што ќе се состои од сензори од 50MP, 8MP и 2M.
Поврзани артикли