Препорачан третман во социјалната изолација во текот на каранатинот – така Светската здравствена организација гледа на играњето видео игри. Барем во овој момент, додека сме во целосната фаза на пандемија. И интересен, бидејќи до неодамна играњето беше доведувано во врска со менталните нарушувања.

Производителите и издавачите на игри како Activision Blizzard, Zynga и останатите ја поддржаа иницијативата на СЗО по хаштагот #PlayApartTogether за да ги охрабрат луѓето во начинот на кој ќе се забавуваат додека го применуваат физичкото дистанцирање.

Оваа иницијатива е посебно битна, бидејќи претходно СЗО ја доведе зависноста од видео игри со менталните нарушувања. Групата луѓе и компании кои стојат зад оваа иницијатива се надеваат дека нивната важна порака ќе пристигне до милиони корисници, за да се спречи ширењето на COVID-19.