Апликацијата за пораки на Android, наречена Messages by Google, сега може да прикажува реакции од iPhone во форма на емотикони.

Според Google, опцијата функционира исто како и испраќање порака до некој што користи уред со Android. Првично, функцијата ќе биде достапна за уреди подесени за англиско говорно подрачје.

Дополнително, видеата споделени преку Messages by Google, може да се испратат како „Google Photos“ линкови во разговорот. Ова значи дека корисниците на iPhone ќе можат да гледаат висококвалитетно видео преку Google Photos наместо заматените содржини што вообичаено пристигнуваат преку MMS. Фотографиите во иднина ќе може да се испраќаат на сличен начин.

Интересно е тоа што Google во соопштението вели дека „го охрабрува Apple да се приклучи на остатокот од мобилната индустрија и да го прифати RCS, за да го направи испраќањето пораки подобар и побезбеден процес, без разлика кој уред се користи“.

Messages by Google има некои други нови функции. Има Organized inbox, кој автоматски ги подредува пораките во Personal и Business табови. Пораките со еднократни лозинки може да се подесат да бидат автоматски избришани по 24 часа, за да се спречи пренатрупаност.

Тука се и опции за нежно потсетување да одговорите на порака која можеби сте ја пропуштиле или сте заборавиле на неа. Опцијата прво ќе биде достапна за корисниците на англиски, на глобално ниво.

Google посочува дека сите споменати ажурирања за „Messages by Google“ќе пристигнат до корисниците во наредните недели.

Извор: B92.net