Пред неколку дена, доверливиот аналитичар Минг-Чи Куо изјави дека Apple ќе лансира нов MacBook Air подоцна оваа година со M1 чип. Сепак, новиот извештај на 9to5Mac е во спротивност со Куо, и тој всушност тврди дека новиот MacBook Air наместо тоа ќе користи M2 чип.

Изворот тврди и дека новиот MacBook Air го носи кодното име J413 и се очекува да пристигне во една верзија со M2 чип под хаубата. M2 чипот го носи кодното име „Staten“ и се базира на A15 SoC. Како и M1, M2 исто така ќе има осмојадрен процесор, но ќе доаѓа со 10-core графички чип.

Исто така, имајте на ум дека M2 ќе биде наследник на стандардниот M1 модел, но Apple наводно работи на M2 Pro, M2 Max и M2 Ultra.

Изворот ги потврдува и гласините дека Apple ќе лансира 13-инчен MacBook Pro со M2 чип во 2022. Уредот има кодно име J493. Сепак, лаптопот може да биде лансиран само како „MacBook“ бидејќи Apple размислува да го исфрли „Pro“ суфиксот за оваа машина.

Се уште нема официјални потврди од Apple за лансирањето на овие лаптопи, но очекуваме дека ќе пристигне кон крајот на оваа година.