Наскоро се очекува да пристигне Samsung Galaxy A73, а неговата прва наводна фотографија се појави на интернет. Сликата открива Infinity-O екран, супер тенки рамки од сите страни и видливо испакнато копче за вклучување/исклучување од страна, што ефективно го потврдува AMOLED екранот со скенерот за отпечатоци.

Екранот е доста сличен на претходникот на Galaxy A72, како и на Galaxy A53 кој се појави порано. Сепак, има мали разлики во односот, што значи дека Galaxy A73 ќе биде малку поголем од неговиот брат од A50 серијата.

Samsung оваа година веќе одржа два Unpacked настани, но на ниту еден од нив не беа претставени теелфони од Galaxy A серијата. А50 и А70 моделите обично пристигнуваат заедно, а нивниот пример веројатно ќе го следи и новата генерација. Со оглед на тоа колку често гледаме нови гласини, Galaxy A73 и неговиот помал брат Galaxy A53 најверојатно ќе бидат официјално претставени во следните 3-4 недели

На фотографијата подолу можеме да видиме што можеме да очекуваме кога станува збор за Galaxy A53.