Сопственикот на SpaceX, Елон Маск, изјави денеска дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис Starlink да ги блокира руските извори на информации и медиумски куќи.

„Нема да го направиме тоа освен ако не сме на мета. Извинете што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, напиша Маск на својот Твитер профил, пренесува Ројтерс.

На почетокот на оваа недела, шефот на SpaceEx предупреди дека има големи шанси неговиот Starlink да биде на удар во Украина, каде Русија започна воена интервенција на 24 февруари.