Realme ја најави својата технологија на полнење UltraDart од 100-200W на MWC 2022 саемот пред само неколку дена и веќе имаме потврда дека брендот, заедно со GT Neo3, наскоро на пазарот ќе донесе и решение од 150W. Realme сподели краток поглед на GT Neo3 и неговата одлична брзина на полнење со кратко видео. Смартфонот успеа да ја наполни батеријата од 9 до 50 проценти за само 5 минути.

Ова е рекламираната брзина со која Realme се пофали во текот на MWC настанаот и е можна преку повеќе пумпи за засилено полнење кои го зголемуваат напонот на полначот. Realme е уверен дека неговите телефони кои користат UltraDart полнење ќе задржат 80% од капацитетот на батеријата по 1000 целосни циклуси на полнење. Realme GT Neo3, исто така, ќе биде меѓу првите телефони што ќе го користат целосно новиот чипсет Dimensity 8100 на MediaTek. Очекуваме наскоро да дознаеме повеќе за неговите спецификации и датумот на лансирање.