Не знаеме дали ова да го наречеме враќање, но HTC наводно сака да го објави флегшип Android телефонот веќе следниот месец. Информацијата доаѓа од тајванскиот DigiTimes, кој доби потврда од HTC Vive Азија-Пацифик на HTC настанот во склоп на MWC 2022 саемот. Новиот флегшип модел на HTC ќе биде прв од ваков вид од HTC U12+ во 2018. година. Претстојниот HTC премиум телефон ќе се фокусира на VR и AR со длабока интеграција во сопствената open-source метаверзум платформа на HTC наречена Viveverse.
Ќе биде интересно да се види како ќе помине HTC со оглед на тоа што му продаде голем дел од својот бизнис со паметни телефони на Google уште во 2018 година и оттогаш објави неколку уреди со Android од ниска и средна класа на ограничени пазари. Веднаш штом ќе добиеме повеќе информации, ќе се потрудиме да ве информираме за претстојниот уред на HTC, кој веруваме дека сите го очекувате со нетрпение.