Twitter ќе се придржува до санкциите кои Европската унија им ги воведе на руските медиуми Russia Today и Sputnik, кога наредбата ќе стапи на сила, соопшти компанијата.

„Санкциите на Европската унија веројатно правно ќе бараат од нас да скратиме одредени содржини во земјите членки на ЕУ. Имаме намера да ја испочитуваме наредбата која ќе стапи на сила“, истакна портпаролот на Twitter во соопштение испратено преку мејл до Ројтерс.

Twitter, надвор од Европската унија, ќе продолжи да се фокусира на намалување на видливоста на содржината на овие медиуми, како и на нивното означување.