Sony ги претстави своите први LED модели на телевизори, што ги краси Cognitive Processor XR, а овие уреди доаѓаат по пониска цена во однос на првите 4K ТВ OLED модели, кои имаа почетна цена од 2.999 долари.

X90J е премиум модел, а достапен е во големини од 50, 55 и 60 инчи, по почетни цени од 1299, 1499 и 1799 долари. Телевизорите имаат Когнитивен процесор XR, нудат 10-битни бои, како и целосен опсег на LED осветлување.

Постои и HDR поддршка за HDR10, HLG и Dolby Vision. присутни се и HDMI 2.1 портови, кои овозможуваат 10-bit 4K до 120Hz за супериорно гејмнг искуств. Сите телевизори имаат Google TV за Netflix, Disney+ и други стриминг услуги, како и Sony Bravia Core за 4K до 80 Mbps.

Sony ја претстави и буџетско ориентиранатата  X80J линија, со модели од 43 и 50 инчи, по цена од 749 и 849 долари. Овие модели немаат „когнитивна интелигенција“ и некои други функции, но и натаму овозможуваат Google TV и 4K скалирање.