Процесорите се загреваат побрзо со секоја нова генерација, но една студија може да помогне да се реши овој проблем.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес преку истражување покажаа дека термалните транзистори кои насочуваат топлина би можеле да бидат корисни кога станува збор за борба против прегревање на процесорите во иднина.

Овие термални транзистори, како што се нарекуваат, сè уште се во експериментална фаза, но во суштина ја канализираат топлината што се собира на едно место и рамномерно ја распределуваат на остатокот од површината, со помош на електрично поле.

Иновацијата што го овозможи ова е поставувањето на слој тенок како една молекула, кој станува спроводлив кога има електричен полнеж. Топлината би се преселила во поладните делови на чипот, а во споредба со сегашните методи на ладење, овие транзистори функционираа 13 пати подобро.