Huawei го претстави новиот лаптоп MateBook X Pro за 2022. година, како и новиот хибриден уред MateBook E.

MateBook X Pro доаѓа со U серијата процесори од 11. генерација, додека MateBook Е со 12. генерација процесори ќе пристигне во текот на оваа година. Се одликува со поголем екран, па наместо 13,9-инчниот панел што го имаше неговиот претходник, новиот модел има 14,2-инчен дисплеј со резолуција од 3.120 x 2.080 пиксели. Лаптопот е потенок и има HD микро камера. Овој екран поддржува повеќе од милијарда бои, додека стапката на освежување е 90 Hz. За оние кои сакаат екрани осетливи на допир, добрата вест е што екранот поддржува мултитач до 10 точки.

Кога станува збор за дизајнот, лаптопот има тројни отвори за воздух, за разлика од оној што го поседуваше минатогодишниот модел. Еден од нив е вграден во тастатурата, а од Huawei велат дека благодарение на ова решение протокот на воздух низ уредот е зголемен за 60 проценти. Дополнителна „вентилација“ ќе биде многу потребна бидејќи MateBook X Pro има нов режим на изведба што се активира со кратенка на тастатурата што ги зголемува перформансите.

MateBook X Pro ја има функцијата SuperCharge од 90 W која овозможува три часа користење на уредот по само 15 минути полнење. Пакетот вклучува мал полнач тежок само 180 грама, кој потсетува на полнач за паметни телефони.

Поврзувањето на телефонот со еден од четирите USB-C портови дава полнење од 50 W. Huawei го подобри и звукот, па така новиот лаптоп има шест звучници и четири микрофони.

Ова се навистина големи промени, но некои работи останаа исти.

Huawei го претстави и нов OLED хибриден компјутер. Станува збор за 2-во-1 уред наречен MateBook E, кој доаѓа со две опции за тастатура. Овој 12,6-инчен MateBook E тежи нешто повеќе од 700 грама и е со дебелина од 7,99 милиметри. Го покренува Intel Core процесор од 11-та генерација со интегрирана Intel Iris X графика. Втората генерација на пенкало на Huawei е компатибилна со овој хибриден уред. Ова е првпат пенкалото да е компатибилно со MateBook серијата и поддржува 4.096 нивоа на чувствителност на притисок и има време на одзив од 2 ms.

Магнетната тастатура овозможува прилагодување на 2-во-1 приказот за време на работата, додека новата периферна тастатура Glide донесува уште една USB-приклучок.

Во Европа, MateBook E ќе чини најмалку 649, а MateBook X Pro 1.899 евра.