facebook повеќе нема да ги забранува објавите на теории кои тврдат дека Ковид-19 е вештачки створен, во момент кога САД повторно расправаат за хипотезата според која корона вируспт побегнал од лабораторија во Кина.

„Во светло на истрагите кои се водат за потеклото на Ковид-19 и во договорот со здравствените стручњаци, повеќе нема да ги отстрануваме од нашата платформа објавите за тоа дека Ковид-19 го створил човекот и дека е произведен во лабораторија“, истакна во средата калифорниската групација на својата мрежна страница.

Оваа друштвена мрежа, која ја користат околу 3,45 милијарди луѓе, на најмалку една од своите четири платформи (Facebook, Instagram, Messenger и WhatsApp) постапува спротивно од поранешните правила за дезинформирање во време на Ковид-19, кои уште во февруари беа актуелизирани.

Од друга страна, Twitter не ги промени правилата за дезинформирање во врска со Ковид-19.

Пресвртот кај Facebook поттикна бројни реакции на конзервативците и приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои ги обвинуваат социјалните мрежи дека ги замолчувале кога на почетокот на пандемијата истакнувале дека Ковид е вештачки створен.

„Една година ги отсрануваа наводите клеветејќи го Трамп и републиканците поради „теории на заговор“, ставајќи ги на црна листа конзервативните медиуми и забранувајчи не нас“, објави на Twitter блогерката Кели Седлер, поранешна советничка на Доналд Трамп.