Од компанијата Apple се очекуваат неколку настани и најави за нови уреди во текот на 2022 година, а третата генерација на iPhone SE ќе биде меѓу првите кои ќе бидат претставени.
Новата верзија на iPhone SE ќе го замени моделот од 2020 година, а новиот извештај сугерира дека iPhone SE 3 ќе биде подостапен од неговиот претходник.
Аналитичарот Џон Донован дојде до информации дека iPhone SE 3 би можел да има почетна цена од 300 долари, што е поевтино од последниот SE модел кој чинеше 399 долари.
Од друга страна, аналитичарот Даниел Ајвс смета дека телефонот ќе ја задржи почетната цена од 399 долари, но не ја исклучува можноста за пониска цена.
Се истакнува дека, без разлика по која цена се нуди, iPhone SE 3 би требало да понуди познат и постар дизајн, побрз A15 Bionic чипсет и 5G конекција. Исто така, телефонот треба да има подобра камера.
iPhone SE 3 се очекува да биде претставен на 8 март, заедно со новиот таблет iPad Air и Mac.