WhatsApp доста им ја отежна ситуацијата на оние кои се блокирани, а постојат неколку начини да се открие дали некој ве блокирал на оваа платформа.
WhatsApp поврзува повеќе од две милијарди луѓе дневно, но не секој успева во она што го наумил.
Токму поради заштитата од спам, WhatsApp доста им ја отежна ситуацијата на оние кои се блокирани, а постојат неколку начини да се открие дали некој ве блокирал на оваа платформа.
Ознаките на WhatsApp го покажуваат статусот на испратената порака. Една сива ознака значи дека пораката е испратена. Две сиви ознаки покажуваат дека пристигнала на саканата адреса, додека две сини ознаки покажуваат дека пораката е прочитана.
Оние кои се блокирани од примачите секогаш ќе видат само една сива ознака за проверка.
Друг начин е да се обидете да воспоставите повик, а во случај да сте блокирани, тој ќе биде оневозможен.
Ако некој ве блокирал, нема да можете да ја видите новата профилна фотографија што ја користи, туку кај вас ќе се покажува фотографијата што корисникот ја имал кога последен пат сте биле во комуникација, односно пред да ве блокира.
Уште еден знак што укажува дека сте блокирани од некој корисник на WhatsApp, е неможноста да го додадете во групи на платформата.
Извор: B92.net