Nvidia и MediaTek заеднички ја истражуваат идејата за имплементација на RTX графичките карти во лаптопите засновани на ARM архитектура.

Двете компании развиваат референтна лаптоп платформа, која ќе го поддржува SDK на Chromium, Linux и Nvidia. Засега не е познато каде се границите на ова партнерство, но едно од можните решенија се Chromebook лаптопите од следната генерација кои се лесни, штедливи и опремени со Nvidia ray-tracing RTX хардвер.

Покрај ова, Nvidia го објави Grace – чип базиран на ARM, а во прашање е првиот процесор на компанијата за центри на податоци. Intel доминира на овој пазар со својата x86 архитектура, но и AMD се повеќе напредува на ова поле. Поради тоа, на Nvidia и е потребно многу повеќе од Tegra g+ хардверот за да се натпреварува со конкуренцијата.