Новиот извештај сугерира дека Apple ќе ја ангажира компанијата TSMC да произведува 5G RF чипови за претстојната iPhone 14 серија на компанијата.
Причината зошто е ова значајно, е што благодарение на производствениот процес на TSMC, ќе биде можно да се креираат 5G RF чипови во 6 nm процес. Ова ќе им овозможи на чиповите да бидат помали и поефикасни.
Користењето на помал производен процес ја намалува дистанцата на која сигналите треба да поминат, а пократките растојанија на пренос го прават чипот поефикасен. Истиот концепт се однесува и на главните чипсети, кои ги покренуваат смартфоните и таблет уредите.
Покрај тоа, имплементирањето на физички помал чип во теорија би можело да му овозможи на Apple да смести помала батерија во телефонот.
Со теоретски помалата потрошувачка на енергија, новиот 5G RF чип за iPhone 14 би можел да поддржува и WiFi 6E.
Поврзани артикли