Откако минатата недела ја претстави Galaxy S22 серијата, Samsung се подготвува да ја освежи својата достапна Galaxy A серија. Во текот на изминатите неколку месеци, видовме неколку гласини за Galaxy A53 и Galaxy A73. Сега добиваме увид во друг уред од Galaxy A линијата на Samsung за 2022 година: Galaxy A23.
Денеска беа откриени CAD рендери на Galaxy A23, давајќи ни го првиот увид во наследникот на Galaxy A22 уредот. Во однос на дизајнот, Galaxy A23 претставува значително подобрување во споредба со минатогодишниот модел. Како што може да се види на фотографиите, Galaxy A23 е многу сличен на Galaxy A53, посебно на задната страна. На задниот дел се гледа четирикратна камера за разлика од тројните камери на минатогодишниот модел. На предната страна, телефонот има рамен екран со засек во форма на капка за селфи камерата. На дното се сместени звучниците, приклучокот за слушалки и USB C портот.
Според протечените информации, Galaxy A23 има димензии од 165,4 x 77,0 x 8,55 мм (10,3 mm кога ќе се земе предвид испакнувањето на камерата). Телефонот наводно има 6,6-инчен екран, што го прави малку поголем од 6,4-инчниот панел на Galaxy A22. Другите својства на екранот, како што се резолуцијата, стапката на освежување и типот на панелот, не се познати. Да потсетиме, Galaxy A22 има HD+ AMOLED панел со стапка на освежување од 90 Hz.
Додека Galaxy A22 пристигна со страничен скенер за отпечатоци, се верува дека Galaxy A23 ќе биде опремен со скенер за отпечатоци под екранот. Не се знае многу за останатиот хардвер на смартфонот, вклучувајќи го чипсетот, сензорите за камера, големината на батеријата, брзина на полнење итн. Засега, Samsung официјално не потврди ништо за Galaxy A23, но очекуваме повеќе да дознаеме повеќе за телефонот во наредните недели.
Поврзани артикли