Се очекува дека Honor наскоро ќе ја претстави X20 серијата телефони од средниот сегмент,  а сега на фотографии се појави моделот X20 SE.  Претходно веќе имавме прилика да го видиме телефонот со три камери и градиент во сино-бела боја, а сега има уште две бои: розово-златна и зелена.

Фотографиите ја откриваат и предната страна на телефонот, кој го краси голем дисплеј со punch-hole отвор во центарот за селфи камерата. Екранот веројатно ќе биде LCD, со оглед на тоа што сензорот за отпечатоци се наоѓа од страната на рамката – во копчето за вклучување.

Дојавувачот Digital Chat Station, кој ги објави фотографиите, сугерира дека серијата ќе ја сочинуваат два телефона – Honor X20 со Dimensity 1200 чип и Honor X20 SE кој користи Dimensity 700 чипсет.

Претходно дознавме дека Honor X20 ќе има 6,7-инчен екран и ќе поддржува освежување од 120Hz, а ќе го напојува батерија од 4200mAh со полнење од 66W. X20 SE ќе има нешто помал екран.

Споменатите информации треба да се земат со резерва, бидејќи не се официјално потврдени, ниту наведени на сајтовите за сертификација.