Компанијата Apple работи на нови модели на MacBook Pro кои ќе ги претстави во текот на оваа година.
Американските медиуми објавија дека Apple развива нови верзии на основниот MacBook Pro модел што ќе работи на M2 чип, но без ProMotion или Mini-LED дисплеј. Овој модел на лаптоп би требало да има 14-инчен екран, но биде доста поевтин од ланските MacBook Pro уреди.
ProMotion и Mini-LED технологиите беа достапни за минатогодишните модели со процесори M1 Pro и M1 Max, а оваа технологија овозможува стапка на освежување на екранот до 120Hz.
MacBook Pro треба да биде еден од четирите компјутери што би требало да бидат надградени во 2022 година. Оваа година треба да се освежат и MacBook Air, 24-инчниот iMac и основниот Mac mini.
Покрај Mac уреди, Apple ќе претстави широка колекција на нови производи во 2022 година, која ги вклучува iPhone SE 3, iPhone 14 и 14 Pro, Apple Watch Series 8, како и нови iPad Pro и iPad Air modeli.
Американскиот технолошки гигант допрва треба да го објави официјалниот датум на својот следен настан, а шпекулациите велат дека станува збор за 8. март.
Поврзани артикли