Huawei најави дека на 17 ноември во Кина ќе го претстави новиот паметен часовник, наречен Huawei Watch GT Runner.

Huawei сè уште не ги детализира спецификациите на Watch GT Runner, но постерите што ги сподели на мрежата Weibo го откриваат кружниот дизајн на паметниот часовник, со копче и нешто што изгледа како круна од десната страна.

Huawei Watch GT Runner е дизајниран за професионални тркачи и ќе им обезбеди податоци за нивното темпо и индекс на перформанси на трчање, покрај поминатото растојание и отчукувањата на срцето во минута.

Huawei Watch GT Runner ќе пристигне и со двофреквентен GPS, кој нуди 135% подобрени перформанси и ја елиминира потребата од паметен телефон за следење на рутите за вежбање.

Се претпоставува дека Watch GT Runner ќе го покренува HarmonyOS, а повеќе детали за часовникотнајверојатно ќе се појават додека се приближуваме до настанот на 17 ноември.