Американската агенција DARPA (Defense Advanced Research Projects) направи значаен напредок во програмата ALIAS (Aircrew Labor In-Cockpit Automation System) така што изврши лет на хеликоптер без пилот.

Станува збор за хеликоптерот UH-60 Black Hawk кој 30 минути леташе без пилот. Агенцијата досега има низа проекти на беспилотни летала, но по 20 години занимавање со оваа технологија сега е направен голем напредок со беспилотен лет на хеликоптер. Сето тоа благодарение на технологијата Sikorsky Matric од програмата ALIAS, која овозможува хеликоптерот самостојно да лета или со асистенција на пилот.

Оваа технологија беше тестирана минатата година, но новиот тест претставува секвенционален напредок и овозможува додавање автоматизација на леталата кои моментално се во служба. Технологијата е наменета за помош во извршувањето мисии, како и да помогне во тешки услови при отежната видливост или прекин во комуникација.

Според Стујарт Јанг од DARPA, технологијата овозможува пилотите повеќе да се фокусираат на мисијата отколку на механиката. Уникатната комбинација од автономен софтвер и хардвер прави летот да биде безбеден и паметен.

Од DARPA истакнуваат дека ALIAS може да управува со хеликоптерот, но нема пристап до вооружување така што станува збор за автопилот, не за машина за убивање.

Извор: Klix.ba