На YouTube се појави видео на возило на Tesla, компјутерски управувано кое удри во коловозен столб.

Илон Маск со години најавува дека неговите возила управувани од компјутер, со активирано целосно автономноно возење, ќе бидат подобри возачи од луѓето. Неодамна дури рече дека би бил шокиран ако не биде до крајот на оваа година. Според видеото објавено на YouTube денес, инженерите на Tesla имаат уште многу работа доколку сакаат да ја исполнат желбата на Маск.

Како што можете да видите на видеото објавено на каналот AI ​​Addict, снимена е помала сообраќајна несреќа во која е вклучена бета верзија на Full Self-Driving (FSD). За среќа, несреќата поминала без жртви и без поголема материјална штета (се работи за гребнатини по каросеријата), но прикажаното секако не е охрабрувачки за Маск.

При вртење надесно, софтверот кој управуваше со воланот се сврте предалеку на десната страна кон столбовите кои го делат патот резервиран за автомобили од делот за велосипедисти, и покрај брзата реакција на возачот кој го сврте воланот налево, удри еден столб.

Исто така, како што може да се види на видеото, FSD направи уште неколку грешки додека возеше, вклучително и обидот да се вози по трамвајската лента. Видеата покажуваат дека и покрај големиот напредок и фактот дека во повеќето случаи софтверот на Tesla суверено управува со возилото, тоа сè уште не е усовршено и сопствениците на овие автомобили сè уште треба да бидат максимално концентрирани и посветени на ситуацијата на патот за да реагираат на време.

Треба да се нагласи дека возачот, а не софтверот на Tesla, е единствено одговорен за возењето на автомобилот и сите потенцијални грешки и несреќи.

Извор: Zimo.hr