Motorola беше една од првите компании што лансираше смартфон на преклопување, но речиси и да нема нови вести од овој сегмент откако се појавија Moto Razr и неговата 5G варијанта.

Компанијата сега предаде патент до WIPO (Светска организација за интелектуална сопственост) за друг телефон на преклоп – висок и тесен, како Razr, но екранот е однадвор, а флексибилниот дисплеј се обвиткува околу него и создава уред со два екрана кога е преклопен.

Патентот открива дека на врвот на уредот бил оставен мал остров за поставување на камерата, што значи дека долниот дел од екранот ќе биде пократок. Едноставен начин да го замислите новиот патентиран уред е да ги вкрстите моделите Moto Razr и Royole Flexpai.

Шарка ќе биде целосно ново решение кое треба да го минимизира гужвањето и да му овозможи на телефонот да се преклопува без никакви празнини. Внатре во механизмот би имало подвижни делови што би овозможиле плочата слободно да се свиткува, ако овој уред некогаш излезе на пазарот.

Велиме „ако“, а не „кога“, бидејќи компаниите често патентираат дизајни што не доаѓаат до комерцијалните уреди. Сепак, ова не е некоја нејасна идеја – овој дизајн има некои очигледни предности и ако конечно пристигне силно заштитно стакло за флексибилни панели, нема сомнеж дека Motorola ќе го испорача на пазарот.