Xiaomi се подготвува да ја објави Redmi Note 10 5G серијата телефони, кои ќе бидат официјализирани на 26. мај. Пред оваа објава, имавме можност да видиме бројни тизери со детали за новите телефони.

Најновиот тизер официјално потврдува дека Redmi Note 10 Pro 5G ќе користи 64MP главна камера на задната страна, како дел од системот со три камери. Покрај тоа, Phantom Blue варијантата на уредот од тизерот е слична на онаа што ја видовме кај моделот Xiaomi Mi 11 Lei Jun Signature Edition.

Xiaomi претходно потврди дека Redmi Note 10 Pro 5G ќе има поддршка за NFC и Bluetooth 5.2. Сè уште не е потврдено ништо за чипсетот на телефонот, но извештаите од претходно сугерираат дека телефонот ќе го покренува новиот MediaTek Dimensity 900 чипсет.

Покрај Redmi Note 10 Pro 5G, се очекува и објава на Redmi Note 10 5G и Redmi Note 10 Ultra 5G моделите.