За новите таблет уреди на Samsung од Galaxy Tab S8 семејството се зборува долго време, а познато е дека ќе им бидат достапни и на клиентите во Европа.

Преднарачките за новите Galaxy Tab S8 модели се отворени и нивните цени се познати.

Galaxy Tab S8 Ultra може да се нарача во Франција по цена од 1.699 евра за најскапиот модел кој доаѓа со 16GB RAM и 512GB простор за складирање. Уредот го покренува процесор Snapdragon 8 Gen 1 и се напојува од батерија од 11.200 mAh. Го користи оперативниот систем Android 11 и доаѓа со S Pen. Корисникот има на располагање 14,6-инчен Super AMOLED екран со резолуција од 2.960 x 1.848 пиксели и брзина на освежување од 120Hz. Испораките се очекуваат по 9. февруари.

Galaxy Tab S8 Plus е достапен и во Франција, а моделот со 8GB RAM и 128GB внатрешна меморија чини 999 евра. Има 12,4-инчен Super AMOLED екран со резолуција од 2.800 x 1.752 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz, како и батерија од 10.090 mAh.

Galaxy Tab S8 доаѓа со 11-инчен LTPS TFT екран со резолуција од 2.560 x 1.600 пиксели и брзина на освежување од 120 HZ, се напојува од батерија од 8.000 mAh и чини 970 евра.

Цените може да варираат во зависност од пазарот, а во прилог на тоа одат и информациите објавени од сигурни типстери. Цените на комплетната понуда на нови таблет компјутери на Samsung објавени од еден од типстерите на Twitter изгледаат вака:

  • S8 8/128: 749 евра
  • S8 8/256: 799 евра
  • S8 8/128 5G: 899 евра
  • S8 8/256 5G: 949 евра
  • S8 Plus 8/128: 949 евра
  • S8 Plus 8/256: 999 евра
  • S8 Plus 8/128 5G: 1.099 евра
  • S8 Plus 8/256 5G: 1.149 евра
  • S8 Ultra 8/128: 1.149 евра
  • S8 Ultra 16/512: 1.449 евра
  • S8 Ultra 8/128 5G: 1.299 евра
  • S8 Ultra 16/512 5G: 1.599 евра