Покрај топ премиум телефонот Mi 11 Ultra, Xiaomi најави уште еден премиум модел за глобалниот пазар – Xiaomi Mi 11i. Ова е уште еден телефон кој го покренува Snapdragon 888 чипсетот, а го краси 6,67-инчен AMOLED дисплеј, со брзина на освежување од 120Hz.

Во областа на камерите, Mi 11i е опремен со 108MP HM2 главен сензор. Големината на сензорот е 1/1,52 “, но со 9-in-1 binning процесот може да создаде 2,1μm пиксели. Главната камера поддржува и дигитално зумирање до 3х. Останатите две камери на задната страна се 8MP ултраширока (119°) и 5MP телефото макро камера.

Xiaomi Mi 11i има батерија од 4520mAh, која поддржува 33W брзо полнење, а батеријата целосно се полни за 52 минути. Екранот е заштитен со стакло Gorilla Glass 5, а самиот телефон е отпорен на прскање на вода, благодарение на IP53 сертификатот.

Mi 11i ќе биде достапен во Celestial Silver, Frosty White и Cosmic Black варијанти на бои, по цена од 649 евра за моделот со 8GB RAM и 128GB простор за складирање и 699 евра за 8GB + 256GB варијантата.

Од кинеската компанија пристигнува уште еден модел, кој е поживописен и наменет за средниот сегмент на пазарот. Станува збор за Xiaomi Mi 11 Lite во 4G и 5G варијанти. Mi 11 Lite 5G користи Snapdragon 780G чипсет, додека LTE варијантата на телефонот работи со Snapdragon 732G чип .

Mi 11 Lite 5G ќе биде најдостапниот 5G телефон на Xiaomi за глобалните пазари. Освен чиповите, двата телефона се речиси идентични кога станува збор за останатите спецификации.

Xiaomi Mi 11 Lite и Lite 5G имаат 6,55 инчен AMOLED екран во FullHD+ резолуција, со punch-hole отвор за 16MP селфи камераta. Дисплејот нуди освежување од 90Hz, и иако е OLED, Xiaomi се одлучи да го постави сензорот за отпечатоци во копчето за вклучување од страна на рамката.

Snapdragon 780G чипсетот во 5G моделот пристигнува со 2.4GHz CPU и Adreno 642 GPU. Батеријата со капацитет 4250mAh, поддржува 33W брзо полнење преку USB-C портот. Моделот со 5G поддршка има и NFC.

Кога се во прашање камерите, тука е главната 64MP f/1.8  камера со 1/1.97″ големина на сензор, 8MP f/2.2 ултраширока камера и 5MP макро камера.

Xiaomi Mi 11 Lite пристигнува во црна, сина и розова боја. Ќе биде достапен во 6/64GB, 6/128GB и 8/128GB варијанти, со почетна цена од 299 евра. Mi 11 Lite 5G доаѓа во црна, зелена и жолта боја, со 6 GB/GB RAM и 128GB простор. Почетната цена на моделот со 5G поддршка ќе изнесува 369 евра.