Корисниците на IPhone и iPad уредите наскоро би можеле да добијат гејминг надградба, а се однесува на една од најинтересните функции за PlayStation 5.

Сајтот MacRumors во iOS 15.4  бета ја откри надградбата која ќе овозможи PS5 DualSense  контролорите да станат компатибилни со апликациите за iPhone и iPad.

На PS5 конзолата, оваа функција овозможува на прекинувачите да се применат различни нивоа на притисок, што ќе овозможи да бидат потешки за притискање во текот на одредени ситуации и игри, со што се добива поимерзивно гејминг искуство.

Иако PS5 DualSense контролерот моментно може да се спари со iPhone или iPad, овие iOS уреди немаат поддршка за понапредни функции (како што се споменатите прилагодливи прекинувачи) или суптилни детали за тактилен одгзив што ги има контролерот.

Дополнително, ажурирањето за iOS ќе имплементира голем број нови емотикони, подобрувања за отклучување преку Facе ID и друго.