Повторно протекоа информациите од Google, а овој пат за новиот смартфон Pixel.

Досега знаевме дека Google ќе извади нов паметен телефон Pixel 5A 5G, но не знаевме многу за тоа.

Во најновиот блог, Google објави неколку нови информации поврзани со камерата на новиот паметен телефон, и покрај тоа, тие во блогот ставија неколку слики направени со новиот смартфон Pixel 5A.

Кога сфатиле што сториле, брзо ги тргнале фотографиите, но не доволно брзо.

Порталот „9to5google“ ги преземал фотографиите и ги анализирал – донесени се неколку заклучоци.

По анализата, тие дошле до заклучок дека HDR+ камерата е иста како и на телефонот Pixel 4A, и дека новиот паметен телефон ќе изгледа исто како и претходниот – дисплејот ќе биде со иста големина, а телефонот ќе биде подолг и „подебел“ за неколку милиметри.

Откриле и дека Google работи на овој телефон веќе една година и дека сликите се од октомври 2020 година.

Исто така, телефонот ќе користи 5G мрежа и нема да има посебен модел без 5G.

Google официјално објави дека наскоро ќе лансира нов смартфон, но не е познато кога.

Според инсајдерски информации, тоа ќе биде на 11 јуни 2021 година.

Извор: B92.net