Google детално го претстави постепенотото воведување на новиот приказ на Gmail, кој има за цел да ја олесни навигацијата преку Gmail, Chat, Spaces и Meet.
Новиот „интегриран приказ“ за Gmail има за цел „да ја олесни навигацијата помеѓу апликациите како Gmail, Chat и Meet на една унифицирана локација“, според Google.
Редизајнираниот изглед додава тенка колона од апликации на левата страна на екранот со икони за кратенки за префрлање помеѓу Gmail, Chat, Spaces и Meet. На врвот има мени во форма на хамбургер што може да се прошири. Десно од новата колона е стандардното мени на Gmail, означено со ѕвезда, одложено и така натаму.
Ова не е голем редизајн за корисниците на Gmail, но колоната со апликации, како што ањ надева Google, треба да го олесни префрлањето помеѓу неговите апликации за комуникација. Редизајнот на Gmail за 2020 година, кој ги донесе апликациите на Workspace, како што се Documents во првите редови преку колоната од десната страна, останува на истото место.
Google исто така детално го опишува своето постепено воведување на интегрираниот приказ, кое ќе заврши во вториот квартал на 2022 година, кога ќе стане стандардно искуство на Gmail. Дотогаш, корисниицте ќе можат да го испробаат и да се вратат на класичниот приказ преку подесувањата.
Од 8 февруари, корисниците на Gmail можат да се вклучат во новото искуство или да се вратат на класичниот Gmail преку поставките, се вели во блогот за ажурирањата на Workspace. Google ќе го ажурира својот блог за ажурирање на Workspace со повеќе детали кога ќе започне лансирањето.