Компанијата Poco официјално потврди дека долгоочекуваниот Poco X3 Pro телефон на компанијата ќе биде претставен на 30 март во Индија. Ова се очекува да биде првиот смартфон на пазарот што ќе пристигне со Snapdragon 860 чипсет, кој сè уште не објавен.

Poco сè уште не ги објави официјалните детали за X3 Pro моделот, но од компанијата сугерираат дека уредот ќе ги сруши сите бенчмарк рекорди во однос на цената и перформансите.

Извештаите од претходно сугерираат дека Poco X3 Pro ќе има FHD+ дисплеј со брзина на освежување од 120Hz. Исто така, се очекува во конфигурации од 6 GB+128 GB и 8GB+256GB за меморија и простор за складирање.

Телефонот би требало да го напојува батерија со капацитет од 5200mAh, но не е познато со која брзина ќе се полни. Уредот треба да биде достапен во црна, сина и бронзена верзија.

Не се познати други детали, но Poco X3 Pro би можел да има и четири камери на задната страна, со 64MP главен сензор.