Американската технолошка компанија Google објави дека ќе вложи до милијарда долари во индиската телекомуникациска компанија Bharti Airtel, јавува АА.

Во соопштението на Google се вели дека компанијата продолжува да инвестира во дигиталниот систем на Индија.

Компанијата во 2020 година основа „фонд за дигитализација“ за Индија, а се наведува дека во Bharta Airtel како дел од тој фонд ќе се инвестираат до милијарда долари.

Во соопштението на Bharti Airtel се вели дека целта на инвестицијата е да се обезбеди достапен пристап до паметни телефони во различни ценовни рангови и да се развијат 5G и cloud услугите.

Google објави во 2020 година дека планира постепено да инвестира десет милијарди долари во Индија во текот на пет до седум години како дел од својот „фонд за дигитализација“.

Во јули 2020 година, компанијата објави дека ќе инвестира 4,5 милијарди долари во најголемиот индиски оператор Jio.

Се вели дека инвестицијата на Google во Bharti Airtel по онаа во Jio ќе донесе доминација на околу 75 отсто од индискиот пазар на паметни телефони.

Извор: Al Jazeera.net