Xiaomi го турка MIUI 13 фирмверот на глобалните Redmi Note 10, Redmi Note 10 Pro и Mi 11 Lite телефони, преку бета програмата. Сите три фирмвери се во стабилна бета верзија и наводно без грешки.
MIUI 13 изданието е базирано на Android 12 и донесува нов изглед на контролниот центар, јануарска безбедносна закрпа и општо подобрување во флуидноста, но му недостигаат одредени безбедносни карактеристики на Android 12 кои ќе бидат во конечниот Android 12. Наводно, недостасува и фонтот My Sans.
Глобалното издание на MIUI 13 за Redmi Note 10, Note 10 Pro и Mi 11 Lite се очекува наскоро да ја следи оваа бета верзија. Наводно, Xiaomi планира да го објави MIUI 13 на глобалната корисничка база на 26 јануари, заедно со глобалното објавување наRedmi Note 11 серијата.