Sony конечно официјално го објави датумот на претставување на својата наредна линија Xperia телефони. Компанијата ќе ги претстави уредите во текот на годинашниот Мобилен конгрес во Барселона.

Поканата за медиуми истакнува дека Sony своите нови теелфони ќе ги најави на 24. февруари, а ќе биде овозможен и пренос во живо од презентацијата.

Се очекува нов Xperia премиум телефон, кој наводно го носи името Xperia 5 Plus, како и уред од средниот сегмент, кој користи Snapdragon 765 чипсет. Минатиот месец се појавија и гласини за Sony Xperia 3 моделот, но останува да се види дали ова е можеби друго име за Xperia 5 Plus.

Во секој случај, во текот на MWC се очекува претставување на повеќе од еден Sony Xperia телефон, а сите детали ќе ги дознаеме за нешто повеќе од еден месец.