Вулканската ерупција во океанот кај Тонга била повеќе од 100 пати посилна од атомската бомба што САД ја фрлија над Хирошима во текот на Втората светска војна, соопшти NASA.

Ерупцијата што се случи минатата недела целосно уништи еден вулкански остров северно од главниот град на Тонга, а потврдено е дека во цунамито загинаа три лица, пренесе CNN.

Непосредно по ерупцијата и цунамито постоеја стравувања дека изворите на вода се загадени од пепел, но во изминативе денови со тестирање е утврдено дека подземните води и дождовницата се безбедни за пиење.

Сепак, вулканската пепел и штетните емисии и понатаму претставуваат ризик за јавното здравје. Изложувањето може потенцијално да предизвика тешкотии со дишењето, да влијае на кардиоваскуларниот систем и да ги иритира очите, кожата и белите дробови.