Во дефинираниот временски период ќе се формираат и техничките барања што таа конфигурација мора да ги исполни. Поточно, карактеристиките на моторот, како и неговите услови за експлоатација нема да заостануваат зад стандардните гаснотурбински воздухопловни мотори. Главниот конструктор на ОДК Јуриј Шмотин додаде дека перспективниот хибриден мотор ќе има свои предности – намалување на потрошувачката на гориво и помала емисија на штетни материи во атмосферата.

Специјалистите на Обединетата корпорација за производство на мотори (ОДК) имаат намера да направат прототипски демонстратор на хибриден воздухопловен мотор. Во план е овој мотор да се комплетира до 2023 година.

Главниот конструктор на корпорацијата ОДК Јуриј Шмотин изјави дека хибридните мотори ќе имаат посебно место во развојната програма на корпорацијата и дека за таквата програма е веќе избрана екипа врвни стручњаци. Исто така, утврдени се и конкретните рокови за реализација на научно-истражувачките активности, поточно од денес па во наредните две години се очекуваат и првите резултати, пренесува веб-порталот РГ.

Во дефинираниот временски период ќе се формираат и техничките барања што таа конфигурација мора да ги исполни. Поточно, карактеристиките на моторот, како и неговите услови за експлоатација нема да заостануваат зад стандардните гаснотурбински воздухопловни мотори. Главниот конструктор на ОДК Јуриј Шмотин додаде дека перспективниот хибриден мотор ќе има свои предности – намалување на потрошувачката на гориво и помала емисија на штетни материи во атмосферата.

Во овој научно-истражувачки проект на ОДК се вклучени и специјалистите на Централниот институт за конструирање воздухопловни мотори. Што се однесува до самата употребливост на моторите од овој тип, се претпоставува дека во иднина ќе се користат како главен погон за беспилотните летала но и за повеќенаменските хеликоптери.

Извор: Russia Beyond