Претходно оваа недела видовме фотографија на Oppo Find X5 Pro што го потврди неговиот дизајн откриен на претходно протечени рендери. Фотографијата ни ја покажа Ceramic White верзијата на Find X5 Pro, а сега имаме шанса да видиме неколку нови слики кои ни го прикажуваат смартфонот со необичен дизајн на поставките на камерата на рефлектирачката задна плоча.
Овие фотографии не откриваат ништо ново, но претходно протечената слика на екранот на Find X5 Pro открива неколку спецификации за уредот, вклучувајќи го Snapdragon 8 Gen 1 чипсет, MariSilicon X NPU, 12GB (+ 3 GB виртуелна) RAM, 256 GB простор за складирање и ColorOS 12.1.
Се очекува Oppo Find X5 серијата стане официјална кон крајот на февруари и се очекува да се состои од Find X5, Find X5 Lite и Find X5 Pro, при што стандардниот модел има Dimensity 9000 чипсет под хаубата, пренесува SparrowsNews кинески извори од Weibо мрежата.
Поврзани артикли