Минатата недела, во медиумски извештај беше наведено дека под-брендот на Xiaomi, Redmi ќе го претстави Redmi Note 11 во Европа со почетна цена од 250 евра. Иако Redmi не го потврди тоа тврдење, компанијата го најави својот настан на социјалните мрежи на 26 јануари, кој ќе го означи дебито на Note 11 серијата во Европа.

Xiaomi не го спомена експлицитно регионот во своите најави, но знаеме дека се работи за Европа, бидејќи серијата Note 11 е веќе достапна на неколку пазари, вклучувајќи ги Кина и Индија.

Xiaomi не обелодени колку смартфони ќе објави за Европа следната среда, но со сигурност може да се каже дека ќе видиме најмалку два телефони, бидејќи компанијата го користи зборот „серија“ во своите објави на социјалните мрежи.

Еден од паметните телефони кој се очекува да биде ѕвезда на оваа презентација е Redmi Note 11 4G, објавен во ноември минатата година во Кина. Уредот го покренува Helio G88 SoC, но глобалниот модел се очекува да пристигне со Snapdragon 680 чип.

Доколку останатите спецификации останат исти, ќе добиеме 6,5-инчен 90Hz FullHD+ LCD екран, MIUI 12.5 интерфејс базиран на Android 11, тројна камера од 50MP, селфи камера од 8MP, стерео звучници, бочен читач за отпечатоци и батерија од 5.000 mAh со полнење од 18W.