На крајот на овој месец, Huawei се подготвува да ја претстави P30 серијата, но пред тоа, компанијата се пофали дека и продажбата на Mate 20 серијата оди повеќе од добро.

Кинеската компанија објави дека досега испорачала 10 милиони примероци од Мате 20 серијата смартфони. Не е јасно кои точно уреди влегуваат во вкупниот број, но не е исклучено компанијата да ги брои сите модели, вклучувајќи го и достапниот Mate 20 lite.

Потсетуваме дека во рамките на мобилниот конгрес Huawei Mate 20 Pro доби GLOMO награда за најдобар паметен телефон за минатата година, а освен тоа компанијата го претстави и импресивниот Mate X, кој има дисплеј на преклоп.