Енди Рубин стартуваше компанија што го носи името Essential и сега подготвува смартфон без рамки околу екранот

Веќе некое време е познато дека основачот на Android, Енди Рубин креира паметен телефон. Тој стартуваше компанија што го носи името Essential откако ја напушти својата позиција во Google. Енди веќе еднаш пушти најава со фотографија за смартфонот, а оттогаш нема премногу нови информации. Меќутоа, сега дознаваме дека телефонот на Essential  најверојатно ќе биде објавен на 30. мај.

На официјалниот Твитер профил на Essential објавено е дека доаѓа нешто големо, што е начин суптилно да се испрати порака дека не очекува претставување на телефонот. Рубин и самиот изјави дека неговиот тим е речиси подготвен да ги подели информациите со јавноста за она што го работат.

Essential смартфонот би требало да има минимални рамки од страните и заоблени агли. Подоцна, и самиот Ерик Шмит (поранешиот Извршен директор на Google) потврди дека телефонот ќе работи на Android платформата, па од овој аспект нема изненадувања.

ИЗВОР: Twitter