Новото истражување покажало дека исхраната која содржи многу сол понекогаш може да има неочекуван штетен ефект по здравјето.

Во студијата објавена во стручното списание „Nature Neuroscience“ се наведува дека глувците на „суперсолена“ храна покажале знаци на значајно опаѓање на менталните функции и особено на когнитивните способности.

По одреден период во текот на кој им била давана посолена храна, глувците изгубиле поголем дел од своите научени вештини, кои нудат решавање на одредени проблеми.

Дури престанале да реагираат на вообичаен начин и на допирање на своите мустаќи.

Овие промени во работата на мозокот се појавувале дури и во ситуации кога исхраната со премногу сол не го зголемувала нивниот крвен притисок. Тоа сугерира дека солената храна врз организмот влијае на начини кои ги надминуваат овие досега познатите, а кои влијаат на васкуларното здравје.

Мозокот е примарна „мета“ на штетните ефекти од солта, се наведува во студијата.

Забележале дека глувците биле хранети со намирници со висока количина на сол, а истите покажале значајно опаѓање на церебралните функции, што е особено забележително кај когнитивните способности.

Во текот на истражувањето научниците на глувците им давале меѓу 8 и 16 пати повеќе сол отколку вообичаено, во количина која е опишана како „поголема крајност на спектарот на вообичаено консумирање на сол кај луѓето“.

Тоа довело до намалена циркулација во кортексот и хипокампусот, во две важни регии во мозокот кои се задолжени за помнење и учење.

„По три месеци таква исхрана, глувците станале доминантни“, изјавил д-р Костантино Јадекола од Универзитетот Корнел во Њујорк.

Ова е прилично чудно поради тоа што кај глувците не бил регистриран зголемен крвен притисок, се наведува во студијата.

Научниците велат дека имаат доволно причини да веруваат дека целосно истите ефекти се случуваат и кај луѓето.

Сè на сè, ограничувајте го вашиот дневен внес на сол на помалце од 2,3 грама.