Samsung официјално го претстави својот најнов мобилен процесор за телефони – Exynos 2200.
Ова е прв мобилен чипсет кој во себе има имплементиран графички процесор со графичка AMD RDNA 2 архитектура, што овозможува функции како што се хардверски акцелериран “ray tracing”.
Соработката помеѓу Samsung и AMD веќе подолго време е во центарот на вниманието. Двете компании најпрвин објавија договор за лиценцирање во 2019 година, а потоа AMD минатата година потврди дека следниот премиум мобилен чип на Samsung ќе користи RDNA 2 технологија.
Exynos 2200 е произведен во 4nm EUV процес на Samsung. Споменатиот графички процесор беше наречен „Xclipse“ од Samsung, а се наведува дека графичкиот чип е првиот резултат од планираната генерација на MD RDNA графика и Exynos чипови.
Samsung сугерира дека смартфоните со споменатиот чип ќе понудат гејмерско искуство кое е на исто ниво со конзолите.
Кога е во прашање процесорот, Exynoss 2200 користи Armv9 јадра: едно Cortex-X2 премиум јадро со високи перформанси, три Cortex-A710 јадра за балансирани перформанси и четири поефикасни Cortex-A510 јадра.
Има и надграден NPU, кој нуди двојно поголеми перформанси од неговиот претходник, додека ISP архитектурата е дизајнирана да поддржува сензори на камери до 200 MP.
Exynos 2200 чипсетот ќе дебитира на најновата Samsung Galaxy S22 линија телефони, чие претставување се очекува во текот на февруари.