Во наменска тема на форумот на OnePlus заедницата, официјален претставник потврди дека компанијата повеќе нема да обезбедува софтверска поддршка за своите паметни телефони OnePlus 6 и 6T објавени во 2018 година.

Ова не е изненадувачки со оглед на тоа што OnePlus има ограничена софтверска поддршка на три години од своите OnePlus 3 / 3T телефони. Секој водечки телефон на OnePlus има право на три главни ажурирања на оперативниот систем и три години безбедносни ажурирања, а 2021 година беше крајот на OnePlus 6 / 6T. Последното ажурирање на OxygenOS 11 базирано на Android 11 пристигна минатиот септември, а неодамна ова популарно дуо доби безбедносна закрпа за декември.

Секој што планира да продолжи да го користи својот OnePlus 6/6T, можеби ќе треба да ги погледне ROM решенијата на независни производутели или да го прифати фактот дека повеќе нема да има најнови Android верзии на софтверот.