Јужнокорејската компанија Samsung се очекува за неколку недели да го претстави својот најнов телефон од Galaxy S22 серијата, а во меѓувреме се појавија нови гласини за овие уреди

Најновите извештаи, кои доаѓаат од Јужна Кореја, укажуваат дека Galaxy S22 серијата ќе има повисока цена од очекуваната. Причината за поскапувањето е глобалниот недостиг на чипови.

Цените на неколку важни компоненти се зголемија за 30 до 40 отсто, додека цените на чиповите за напојување и сензорите се зголемија за 10-15 отсто.

Извештаите сугерираат дека Samsung Galaxy S22 би можел да има почетна цена од 899 долари, што е за околу 100 долари повеќе од неговиот претходник.

Од друга страна, некои извештаи сугерираат дека Samsung сепак ќе ги задржи истите цени како Galaxy S21 серијат , поради зголемената конкуренција од Apple и кинеските брендови. Samsung се очекува да претстави три телефони – Galaxy S22, S22 Plus и S22 Ultra. Тие ќе бидат покренувани од Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 чипсет Exynos 2200 чипсет на Samsung, во зависност од регионот.

Извор: B92.net