Со текот на годините, Apple објавуваше функции кои беа ексклузивни за премиум моделите на компанијата, но во идните телефони компанијата ќе ги овозможи за целосната iPhone линија.
Според аналитичарот Џеф Пу, Apple би можел да имплементира ProMotion дисплеј во целосната линија на iPhone 14 смартфони.
ProMotion е име дадено на Apple за неговите дисплеи со брзина на освежување од 120 Hz. Овие дисплеи првпат се појавија на iPad Pro таблетот пред неколку години, додека на iPhone 13 пристигнаа минатата година.
Сепак, функцијата беше достапна само за iPhone 13 Pro и Pro Max моделите, но според Пу, сите модели на iPhone 14 сега ќе ја добијат оваа функција.
Пу сугерира и дека комплетната линија на iPhone 14 ќе добие надградба на 6 GB RAM меморија, која исто така беше ексклузивно достапна минатата година само за iPhone 13 Pro и Pro Max моделите.
Сето ова може да влијае на потенцијалното зголемување на цената на новата iPhone 14 линија во однос на iPhone 13, како што сугерираат неодамнешните гласини.
Поврзани артикли